Бесплатниот автобуски превоз ќе чека поевтини горива

47

Енергетската криза и ги пореметила плановите на скопската градоначалничка, Данела Арсовска. И таа вели дека не може да го реализира ветеното за бесплатен автобуски превоз се додека трае кризата со енергенсите.

Според неа, никој не очекувал да се случи толку голема енергетска криза и оти високите цени на енергенсите многу го оптоваруваат буџетот на Град Скопје.

– Чесно е да кажеме дека олку голема енергетска криза никој не очекуваше. Цените на енергенсите, на нафтените деривати, на мазутот, се толку високи во овој момент и ова што сега го правиме е практично нешто што многу го оптоварува буџетот на Град Скопје. Работиме во таа насока, меѓутоа сè додека не ја надминеме кризата, сега во овој момент не можам да кажам во која фаза ќе се реализира. Но, сè што беше ставено во програмата „Модерно Скопје“ ќе се реализира, тоа е нашата цел – изјави Арсовска.

По доаѓањето на функцијата, Арсовска во декември кажа дека проектот за бесплатен јавен превоз кој го вети во предизборната кампања ќе се реализира за две години.