Во ек на пандемијата од Ковид – 19,  изнемоштените и стари лица кои живеат на територија на општина Карпош, можат да добијат бесплатна нега и грижа.

Како што информираат од Општина Карпош, оваа поддршка ја овозможува тимот на социјалното претпријатие „Нега Плус“ преку проектот  на УСАИД за граѓанско учество.

-Граѓаните можат да добијат некоја од следните услуги: подготовка на храна, пазарење, помош при одржување на основна хигиена во домот, помош при пресоблекување, бањање, пријавувајќи се на телфонскиот број 070 – 299 – 026- соопштија општинските власти.

Во изминатиот период, Општина Карпош воспостави соработка и со Црвениот крст, при што беше организирана достава на храна и лекови на лица кои се болни од Ковид – 19 или граѓани кои се во изолација.

-Основната цел на ваквите активности е да се пружи уште поголема социјална заштита на најранливите категории на граѓани-велат од локалната самоуправа.