Македонскиот народен театар соопшти дека по повод Светскиот ден на театарот – 27 Март публиката ќе има можност бесплатно да ја гледа претставата „Само глас“ од Нина Плавањац, во режија на Марјан Неќак.

Во претставата играат првенците на МНТ – Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Дејан Битровски.

Пред почетокот на изведбата ќе бидат прочитани светската и националната порака по повод Светскиот ден на театарот – автор на светската порака е египетска актерка Самиха Ајуб, а автор на македонската порака годинава е  Теута Ајдини-Јегени.

МНТ информира дека билетите за бесплатната изведба на претставата „Само глас“ треба да се подигнат на денот на изведбата од 14 часот на билетарницата на МНТ.

Меѓународниот симпозиум во чест на Ацо Шопов „Поезија: творештво, препев и оптек на делата на јазиците од помалите говорни подрачја“ е во организација на МАНУ и Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија”.