Бесната сопруга го чекаше на куќниот праг

229

Фудбалерите на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, организираа голема забава после првенствениот триумф (6:1) над екипата на Астон Вила.

Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола им дозволи на првотимците да организираат забава, а неговите избраници ангажираа дури 22 атрактивни девојки кои пристигнаа дури од Италија.

Сепак, еден фудбалер на Манчестер Сити, после целовечерната забава, доби „предавање“ од сопругата кога се врати во својот дом. Најтиражниот британски таблоид „Сан“ не го откри идентитетот на фудбалерот, но откри дека играчот се вратил во својот дом во раните утрински часови и дека неговата сопруга била и повеќе од бесна.

  • Неговата сопруга збесна затоа што фудбалерот се вратил во својот дом во раните утрински часови. Таа му дозволи да има малку поголема слобода, но не знаеше дека играчот ќе остане на забавата до 7 часот наутро. Доби дозвола да легне во својот кревет откако доби сериозно „предавање“ од сопругата. Ситуацијата излезе од контрола откако дозна дека биле ангажирани дури 22 девојки за забавата, тврди изворот за „Сан“.

Играчите на Манчестер Сити цела вечер се дружеле со дури 22 девојки од Италија. За разлика од избраниците на Пеп Гвардиола, кои на секаков можен начин ја криеа локацијата, девојките без никаков проблем постираа секакви слики и видео-клипови на своите инстаграм профили. Тие слики на крајот се покажаа како кобни за фудбалерите на Сити.