Беслимоски: Горивата нема да поскапат, потрошувачите да не стравуваат од ценовни шокови

193

Актуелните цени на горивата во земјава ќе важат до 13 мај годинава, а од 14 мај трговците сами ќе си ја формираат цента на горивата што ќе се точат на бензинските пумпи во Македонија. Новата методологија за пресметка на бензините ќе стартува од 20 мај

Бензините и дизелот нема да поскапат, иако актуелните цени на горивата во земјава ќе важат до 13 мај годинава, а од 14мај трговците сами ќе си ја формираат цента на горивата што ќе се точат на бензинските пумпи во Македонија. Од Регулаторната комисија за енергетика(РКЕ) велат дека нема да има ценовни шокови на пазарот, потрошувачите да не стравуваат, бидејќи веќе разговарале на оваа тема со трговците на нафтени деривати во земјава.

Според Марко Бислимоски претседател на РКЕ новата методологија за пресметка на цената на горивата во земјава треба да стартува од 21 мај годинава, а дотогаш цената ќе се формира од страна на самите трговците.
-Во комуникација сме со трговците на нафтени деривати во земјава и јас сум сигурен дека тие ќе имаат фер однесување кон ова прашање и нема да има никакви ценовни шокови. Во иднина цената на нафтата нема да се определува на секој две недели туку на секои седум дена – вели за Беслимоски и дополни дека во моментов во Македонија се точат најевтини горива, односно бензини и дизел. За споредба во Албанија дизелот чини 1,4 евро, бидејќи нивната акциза и другите давачки се поголеми.

Бислимоски појаснува дека во текот на наредната недела се очекува Законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика по втор пат да помине во собраниска процедура, по што веднаш ќе биде потпишан од новиот претседател и веднаш ќе ја донесеме новата методологија.

-Очекувам дека новата одлука за цената на горивата по новата методологија ќе ја донесеме 20 мај годинава. Сигурен сум дека трговците нема да влезат во авантура со зголемување на цените, но доколку го направат тоа ние при носењето на новата методологија ќе го имаме предвид нивниот однос, така што не очекувам да има непотребни ценовни шокови. Некој од поголемите трговци кажаа дека ќе се движат во рамките на цените на нафтата кои се на светскиот пазар и дека нема да се прават никакви ценовни шокови. Тоа значи дека бензините и горивата нема да поскапат – дециден е Бислимоски.

Старите цени важат до 13 мај до полноќ, а од вторник 14 мај новите цени на бензините ќе бидат утврдени и истакнати на самите бензински пумпи.

-Сметам дека поголемите трговци соодветно ќе ги информираат граѓаните за новата цена. Основна цел на новата методологија е еден пазарен учесник со учество на пазарот на големо од 80%. Затоа не сме во ситуација да имаме либерализација на пазарот на нафта и нафтени деривати. Несоодветна е споредбата со либерализација на пазарот на струја и гас, бидејќи кај електричната енергија имаме универзален снабдувач кој што ги заштитува правата на малите потрошувачи и домаќинствата – вели Бислимоски.

Со досегашната методологија главно влијание на цените имаше движењето на нафтата на светските берзи и курсот на доларот, со новата методологија овој елемент ќе има најголемо влијание и ќе се врзуваме со цените на светските берзи на сите деривати поодделно,како и средниот курс на доларот што го објавува Народна банка на Македонија.

Ќе се земат предвид и трошоците што ги имаат трговците бидејќи сите нафтата ја увезуваат, а притоа на нивните трговци нашите трговци и плаќаат маржа што ќе се земе во предвид. Нафтата потоа се пренесува до складовите на трговците во земјава, а од таму до бензинските пумпи и тој трошок се зема предвид.

-Ќе се земе во предвид и нивната метража за да можат да остварат одреден разумен профит. За оваа маржа сега се прават дополнителни анализи со цел да бидат задоволни и граѓаните и трговците. Цената ќе се менува неделно и тоа е исчекор кон либерализацијата на пазарот кога ќе има и други пазарни учесници на пазарот – појаснува Бислимоски, но не прецизираше кога тоа ќе се случи, но ќе се следи будно состојбата.

РКЕ ќе соработува повеќе со новинарите

Бислимоски информира дека РКЕ стапила во комуникација со Здружението на новинари на Македонија за соработка.
-Планираме да потпишеме меморандум за соработка помеѓу нашата институција и ова здружение, бидејќи основна цел на РКЕ е максимално да ја зголемиме транспарентноста во нашата работа и да ги вклучиме медиумите бидејќи сметаме дека голем дел од нашите одлуки имаат влијание на секојдневното живеење на граѓаните и на економијата – вели Бислимоски.
Според него РКЕ на годишно ниво регулира бизниси меѓу две и две и половина милијарди евра. Со овој чекор тие сакаат да потврдат дека ништо не се крие и дека јавноста целосно ќе биде информирана и вклучена во носењето на сите нивни одлуки.

(В.Ма.)