Бесен на властите: Романски бизнисмен за инает направил автопат долг еден метар

92

Стефан Мандачи (33), сопственик на ресторан за брза храна во Романија од бес кон властите во земјата, која вложува во сè освен во автопатишта, со свои пари изградил автопат во должина од еден метар.

Целиот тој перформанс го чинел 4.500 евра, а минатата недела дури направил и свечено отворање на автопатот.

„Немаме ниту метар автопат, па одлучив да изградам барем еден метар за да докажам дека тоа е можно“, истакнал Мандачи.

Романија има една од најкратките мрежи на автопати во Европската унија од само 806 километри за целата земја. За споредба нејзината територија е еднаква со со Велика Британија, која има мрежа од автопатишта од околу 4.000 километри.