БЕСА и ДПА: Владината коалиција е стабилна, остануваме дел од неа

97

И помалите партии од албанскиот блок велат дека остануваат во владината коалиција предводена од СДСМ.

Движењето БЕСА соопшти дека владината коалиција е стабилна без разлика на тоа што во неколку места во вториот круг треба да се натпреварува меѓу себе.

Владиното мнозинство е стабилно и работи исклучиво во интерес на граѓаните. Напредокот на земјата е нашата највисока заедничка цел. Движењето БЕСА е дел од стабилното владино мнозинство. Северна Македонија продолжува напред со стабилна Влада по демократскиот и европскиот пат, велат од БЕСА.

Поддршка на коалицијата даде и ДПА.

Членството на земјата во НАТО е главниот успех на оваа Влада. Забрзувањето на процесот на интеграција е врвен приоритет и ние целосно веруваме дека ова е владата што ќе може да го финализира процесот за добивање датум за почеток на преговори за полноправно членство. Демократската партија на Албанците продолжува да биде дел од оваа Влада, давајќи го својот скромен придонес за благосостојбата на граѓаните, реформскиот процес и процесот на интеграција на земјата во Европската Унија, велат од ДПА.