Берово домаќин на Државното првенство во пинг-понг за кадети

28

Берово денес и утре е домаќин на вториот турнир како дел од Државното првенство во пинг-понг во кадетска конкуренција. Натпреварите ќе се играат во салата „Македонски бранители” во Берово.

Во рамки на првиот ден од турнирот се играат натпреварите за натпреварувачи до 12 години. Утре, ќе се натпреваруваат повозрасните кадети до 15 години. На турнирот ќе настапат најдобрите екипи во досегашниот дел од првенството, информираат организаторите.

Почетокот на првите натпревар кои се играат денес се закажани за 11 часот, додека во рамки на утрешната програма мечевите се играат со почеток во 10 часот.

Турнирот се организира под покровителство на Пингпонгарската федерација на Северна Македонија.