Берово го чествува ликот и делото на Свети Климент Охридски

108

Средното училиште „Ацо Рускоски” во Берово на пригодна свеченост денеска им ги додели наградите на најдобрите учениците од литературниот и ликовниот конкурс на тема „Св. Климент Охридски – првиот словенски епископ”.

Како што информира беровската гимназија, на конкурсот имало прекрасни творби, а награди за најдобар ученик добија учениците Димитар Дракалски, Бојан Аврамски и Марија Костадинова.

Имавме награди и за учениците кои учествуваа на ликовниот конкурс. Наградите на овој конкурс ги освоија Моника Близнаковска, Здравко Попов и Бојана Брашнарска. Наградените творби беа прочитани пред присутните, а цртежите беа изложени во холот на училиштето, информираа гимназијата.

Во чест на денот на пригодна свеченост имаше и краток осврт кон ликот и делото на свети Климент Охридски.

-Св. Климент Охридски е првиот оригинален словенски писател и просветител, првиот словенски епископ и творец на Охридската книжевна школа. Чествувањето на „Св. Климент Охридски” е од големо значење за македонската историја, надминувајќи ги локалните и регионалните рамки и оставајќи белег во целокупната европска култура, истакнаа средношколците во краткиот реферат за ликот и делото на свети Климент Охридски.

Пригодна програма во чест на „Свети Климент Охридски” се организираше и вчера во општинското основно училиште ,,Дедо Иљо Малешевски” во Берово.в