Берлускони излезе од болница: Добро сум

29

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е отпуштен од болницата во Монако, соопшти портпаролот на партијата „Форца Италија“.

Берлускони (84) беше примен во болница по препорака од неговиот матичен лекар, поради аритмија на срцето.

По излегувањето од болницата тој на Фејсбук напиша дека се чуствува добро.