Популарната Бергузар Корел сите ги освои со нејзината улога на Шехерзад во серијата „1001 ноќ“, но исто така каде и да се појавеше во јавноста истото се случуваше. Висока, згодна, со убави црти на лицето, популарна турска актерка дури и кога ги менуваше нејзините фризури наидуваше на пофалби од фановите.

Таа пред 4 месеци на свет го донесе нејзиното второ дете, а бидејќи стана мета на медиумите кои ја нападнаа поради нејзиниот изглед и дека иако вежбала дома не успеала да ја врати нејзината поранешна става таа им докажа дека воопшто не и е грижа за написите во медиумите. Па, така таа на луксузна јахта позираше во бикини, а повторно пленеше со нејзината убавина и блескава насмевка. Исто така Корел се гордее со сите стрии и целулитот, а на медиумите им возврати со шеговита порака.

Бергузар Корел / Фото: Инстаграм

– Бергузар Корел беше фотографирана во бикини. Славната актерка привлече внимание со зголемената тежина. Покачените килограми на Бергузар не останаа незабележани. Таа не успеа да се опорави од трудничката тежина. Изненадувачки големо внимание привлече фотографијата од Бергузар поради нејзиниот целулит и зголемената тежина по породувањето, напиша таа.