Бербок изрази загриженост за независноста на судството во Израел

45

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска изрази загриженост за независноста на судството во Израел, како и за плановите за воведување смртна казна во таа земја.

Бербок ја изрази својата загриженост на заедничката прес-конференција во Берлин со нејзиниот израелски колега Ели Коен.

„Нема да негирам дека ние во странство сме загрижени за некои законодавни планови во Израел“, рече шефицата на германската дипломатија.

„Меѓу вредностите што не обединуваат е одбраната на уставните принципи како што е независноста на судството“, додаде таа.

Ели Коен рече дека изградбата на куќи за еврејските доселеници на окупираниот Западен Брег ќе продолжи под актуелната израелска влада.

„Дефинитивно ќе продолжиме со изградбата таму“, рече израелскиот министер за надворешни работи.