Бен Афлек вторпат ќе ја запроси Џеј Ло и тоа на нејзиниот роденден

318

Бен Афлек планира да ја запроси Џенифер Лопез за нејзиниот 52 роденден, кој ќе го прослави следниот месец, тврди извор близок до парот.

Славната двојка ја обнови својата врска во април, 17 години откако ја раскина веридбата само еден ден пред венчавката во 2003 година. Изворот потврдил дека парот продолжил таму каде што застанал пред сите тие години и бараат заедничка иднина.

„Бен сака да ѝ даде уште една прилика на нивната љубов и планира романтично запросување на роденденот на пејачката на 24-ти јули“, вели изворот близок до Бен и Џеј Ло.

Претходно, Бен ја запроси Џенифер со веренички прстен од 6,1 карат во 2003 година. Како причина за нивното раскинување, парот го навел претераното внимание од страна на медиумите.

Џенифер пет месеци подоцна се венчаше за пејачот Марк Ентони со кои ги доби близнаците Ема и Макс. Пред Марк беше во брак со келнерот Оџани Ноа и танчарот Крис Џад. И двата брака траеја околу една година.

Џенифер до олтарот не стигна со Алекс Родригез со кој ја прекина веридбата кон средината на април и му се врати на поранешниот вереник Афлек по 17 години.

Бен по раскинувањето со Лопез се ожени со холивудската актерка Џенифер Гарнер.