Екипата на Бенфика приреди голема сензација и по продлженија му го нанесе првиот пораз на Магдебург во две години во Европската лига  (32:32 регуларен дел, 40:39), за прва евро-титула во клубот.

Лидерот во бундеслигашот одигра доста тежок меч против Бенфика, која играше за првиот европски трофеј и направи ракометна бајка. „Орлите“ се првиот португалски клуб кој освоил титула во Европската лига/ЕХФ Купот и првиот тим кој не е од Германија, а ја освоил титулата од 2014 година.

Рамел беше прво име кај Бенфика со 11 гола, пред Ѓорѓиќ со осум гола, а Калман, Боргес и Кукиќ дадоа по шест, додека кај Магдебург, Магнусон имаше феноменален меч со 12 гола.