На мастерс тенискиот турнир во Рим уште еднаш се покажа дека играчите се претплатени да прават глупости, поточно скандали. Последен во низата кој направи скандал е Французинот Беноа Пир.

Тој не можеше да се натпреварува на грен слем турнирот САд Опен, поради позитивен тест на коронавирусот, а по се изгледа дека се уште не може да се помири со некои работи.

Французинот излезе бесен на теренот, а балонот пукна кога го загуби првиот сет од Синер со 6:2. Од тој момент Французинот не мислеше на играта, не трчаше по топчето за да го врати во противничкото поле, но затоа имаше одличен спринт кога требаше да се кара со судијата.

Во еден момент го фрли и рекетот кон судијата, а сите останаа неми на неговиот потег. Потоа се расправаше со судијата откако загуби еден поен, дури и одби да го продолжи мечот. Седна на клупата и рече дека нема намера да продолжи додека не дојде лекар.

-Не се поместив, реков аут и не ресгирав – викаше Пир.

-Се помести, а лекарот пред малку беше тука и ти рече дека не ти е потребен, му врати судијата.

-Не се поместив, сега сакам лекар, не можам да играм повреден, возврати Пир и сдна на клупата.

По ова Французинот не ја спушти топкат, туку напротив продолжи со своето недолично однесување. Тој на сугестија од судијата да го тргне шишето со вода од теренот само го помести еден метар, така што тоа остана во теренот. Судијата пак го опомена, а Пир го фрли на трибините.

Слична ситуација на истиот турнир направи и Австралиецот Ник Кирјос во моментите кога поминуваше низ „жолтата минута.“ Тогаш Австраиецот му сугерираше на судијата што да досуди, а откако не беше послушан почна да го крши рекетот и да фрла стлчиња на теренот.