Името на трофејниот шпански стручњак Рафа Бенитез е последното кое се поврзува со менаџерската функција во редовите на англискиот премиерлигаш Њукасл. За неколку дена Њукалс и официјално ќе биде во сопственост на групацијата од Саудиска Арабија која потврди дека планира да потроши најмалку 300 мил. фунти за време на летниот преоден рок. Бенитез моментално е тренер на кинескиот суперлигаш Далиан, но е сериозно заинтересиран да се врати во редовите на Њукалс.