Бензините поскапуваат за 1,5 денари, дизелот за денар

83

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари, а дизелот и екстра лесното гориво за денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 70,50ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 72,50 денари за литар. Лидат ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 62 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 51,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемуваза 1,343 денари и килограм од тој енергенс ќе чини 36,081 денар.