Бенасер не мрда од „Сан Сиро“

66
during the Serie A match between Udinese Calcio and AC Milan at Stadio Friuli on August 25, 2019 in Udine, Italy.

Алжирскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Милан, Исмаел Бенасер, во следните неколку недели треба да потпише нов договор, открија италијанските медиуми. Раководните лица на Милан веќе се седнати на преговарачката маса со агентот на одличниот играч за врска, а новиот договор би требало да биде со важност до 2026 година. Во новиот договор ќе има и ослободителна клаузула не помала од 100 мил. евра.