Немате идеја што вкусно да подготвите за утрешниот ручек? Еве еден интересен предлог за пилешко во сос од кашкавал. Пилешкото месо е едноставно за подготовка не бара многу време за „вртење“ низ кујната и неговиот вкус е секогаш неодолив. Направете нешто вкусно на кое ќе се радува целото семејство.

Состојки:

  • 500 гр пилешко филе
  • сол, бибер, црвен пипер
  • 1 лимон
  • масло за јадење
  • 100 мл неутрална павлака
  • 200 грама кашкавал
  • оригано,
  • тортиља чипс
  • свеж босилек, може и нане

Подготовка:

Исечете го месото на тенки шницли, прелијте го со сокот од лимон и добро зачинете го од сите страни. Запечето го на грил тава додека не добие румена боја, а потоа извадете го на страна.

Неутралната павлака и наренданиот кашкавал се мешаат и се ставаат на оган (паралелно додека се прави месото), да се стопи кашкавалот, но на умерена температура. Зачинете го сосоt по вкус, со сол, бибер, црвен пипер…

Во тањир сипете малку сос, ставете парче месо, прелијте го со сосот и врз него искршете парчиња од тортиља чипсот. Врз јадењето наросете листови од босилек или нане.

Уживајте во вкусот!