Бело или црно, грозјето треба да биде прв избор за освежување сезонава

130

Гројзето е една од најхранливите продукти што можете да го изедете. Исполнето е со калиум, јаглени хидрати, протеини, витамин А, витамин Ц, калциум, железо, витамин Б6 и магнезиум.

Доколку го јадете секојдневно во текот на еден месец, ќе бидете многу задоволни од резултатите кои ќе почнете да ги забележувате кај себе. Тоа ќе се одрази на севкупното здравје на организмот, а особено ќе ја подобри состојбата на срцето, системот за варење и бубрезите.

Подобра состојба на срцето

Грозјето изобилува со антиоксиданси кои се поврзани со намалениот ризик на кардиоваскуларни болести. Паралелно со овие антиоксиданси доаѓаат и полифенолите кои, исто така, се поврзани со намалувањето на ризикот од кардиоваскуларни болести.

Поздрав систем за варење

Грозјето содржи влакна и, како такво, му помага на системот за варење да функционира одлично. Влакната кои се наоѓаат во грозјето главно се состојат од нерастворливи елементи кои остануваат недопрени додека се движат низ цревата за цревата да бидат здрави. Водата со која изобилува грозјето е клучна состојка која помага при здравото и правилно работење на системот за варење.

Ќе имате повеќе енергија

Грозјето содржи лаглени хидрати, особено целулоза, која природно му дава енергија на органзмот. Поради високото количество влакна во грозјето, побавно се варат па затоа подолг период ќе имате енергија.

 


Со гројзе полесно се дише

Некои најнови студии покажале дека меѓу внесот на овошје и зеленчук и асмата, што ги навело истражувачите да проучат дали важи и обратното, ако јадате повеќе од овие продукти дали тоа би им помгнало на оние кои страдаат од асма. Резултатите покажаа дека тие играат важна улога и во превенцијата и во лечењето асма.

Експеримент од 2007 година покажа дека децата кои израснале на медитеранска исхрака која е заснована на големо количество јаткасти плодови и овошје, како на пример грозје, имаат многу помала веројатно да заболат од асма и слични болести.