Белоруските власти продолжија со репресии, забранија работа на 15 организации

29

Белоруските власти ја забранија работата на 15 невладини организации, во продолжение на остра пресметка со активисти од граѓанскиот сектор и независни медиуми.

Меѓу нив има неколку организации за човекови права, но и група за борба со СИДА, здружение кое им помага на лицата со инвалидитет и клуб што нуди едукативни програми за новинари.

Одлуката за забрана за работа беше донесена еден ден откако долгогодишниот авторитарен претседател на Белорусија, Александар Лукашенко, вети дека ќе ја продолжи „операцијата за чистење“ против активистите, што тој ги оквалификува како „бандити и странски агенти“.

Повеќе од 50 невладини организации се соочуваат со закана од затворање, вклучувајќи го и најголемото и најистакнато здружение на новинари во земјата, за кое Министерството за правда од средата побара затворање.

Забрана за работа се заканува и на белорускиот ПЕН центар, здружение на писатели предводено од добитничката на Нобеловата награда за литература за 2015 година, Светлана Алексијевич. Властите ги замрзнаа банкарските сметки на здружението во понеделникот.