„Белградски синдикат“ и Тихомир Станиќ дел од хуманитарната мисија на Спона

150

Вчеравечер во Станица 26, во рамки на месецот на Хуманитарната акција на центарот „Спона“ – „Подари радост – среќата е поголема кога се дели“ беа одржани пригодна трибина и рецитал: Со музика и хуманост до потврда на идентитетот.

Во трибината учествуваа членовите на хип-хоп колективот „Белградски синдикат“, Феѓа Димовиќ, Бошко Ќирковиќ – Шкабо и Блажо Вујовиќ, како и специјалниот гостин, актерот Тихомир Станиќ, кој рецитираше стихови од Љубомир Станиќ.

Во донаторската кутија беа собрани 38.995 денари и 85 евра.