Белгиски велосипедист загина на трка во Полска

157

Белгискиот велосипедист Бјорн Ламбрехт загина за време на третата етапа од трката Околу Полска. Овој 22 – годишен Белгиец од тимот на Лото Судал на 96 километеа од етаапта имаше незгода, односно падна во одводен канал од бетон. За време на третата етапаусловите беа многу тешки со оглед на тоа што врнеше силен дожд.

Тој по незгодата веднаш со хеликоптер беше пренесен во болница, каде подоцна им подлегна на повредите.

-Ова е најголемата можна трагедија за семејството, пријателите и неговите тимски колеги. Почивај во мир, се наведува во соопштението на тимот.

Ова беше негова втора сезона во сениорска конкуренција, а на еднонеделната трка која служи како загревање за престижната Вуелта, која ќе се вози во септември, беше најдобар млад возач.

Поради неговата смрт четвртата етапа од велосипедската турнеја низ Полска нема да се одржи. Натпреварувачите ќе возат само по еден круг во спомен на велосипедистот.

Ова го најави шефот на Здружението на професионални велосипедисти на Полска Јарослав Мариќ.

– Четвртата етапа ќе биде во знак на Ламбрехт. Нема да има натпреварувачки карактер, соопшти Мариќ.