Белгискиот крал жали за штетата на ДР Конго во колонијалната ера

32

Белгискиот крал Филипе изрази „најдлабоко жалење“ за предизвиканата штета за време на белгиската колонијална ера на територијата на сегашна Демократска Република Конго, јави Ројтерс.

„Сакам да го изразам моето најдлабоко жалење за раните од минатото, а болката и дискриминацијата и денес се присутни во нашите општества“, се наведува во писмото на белгискиот крал Филипе испратено денеска до претседателот на ДР Конго, Феликс Тшисекеди на одбележување на 60-годишнината од независноста на земјата.

Смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд предизвика дебата за белгиската колонијална ера.