Белгиската полиција уапси 13 лица во рации во Антверпен

39

Белгиската полиција уапси 13 лица по рации во и околу пристанишниот град Антверпен, како дел од истрага за наводни терористички активности.

Според соопштението на федералното обвинителство, сите осомничени биле дел од иста група.

Се наведува и дека осомничените се блиски до движењето салафизам. Во акцијата учествувале околу 100 полицајци, а обвинителството не открива детали за плановите на групата, но соопшти дека полициската акција немала за цел да се запре непосредната закана од напад.

Осомничените ќе се појават пред истражен судија кој ќе одлучи дали ќе останат во притвор.