Бела сангрија со диња

145

Популарниот шпански пијалак со црвено вино и овошје, кој во лето се разладува и со мраз. Секој регион си има свој специфичен рецепт, а неговата популарсност направи пијалакот да добие и неброени варијанти во зависност од личниот вкус на мајсторот што го приготвува. Оваа сангрија е со диња, оти таа одлично се спојува со бело вино.

Потребно е: 

  • 1 диња со средна големина
  • 150 мл бело вино од сортата „шардоне“
  • 150 мл минерална вода

Приготвување:

Исечете ја дињата на половина. Едната половина исчистете ја и средината ставете ја во блендер. Блендирајте додека да добиете течен сок. Другата половина исечкајте ја на мали коцки. Ставете го добиениот сок во бокал, додајте ги исечканите коцки од диња, виното и минералната вода. Изладете го напитокот барем 2-3 часа, и парчињата диња да ја впијат аромата од виното. Сервирајте го студено.