Бектеши: Компаниите да не ги отпуштаат работниците, Владата ќе им помогне 

113

Министерот за економија Крешник Бектеши ги повика бизнисмените да не ги отпуштаат работниците бидејќи се подготвува нов сет на економски мерки на Владата.

-Бизнисмените да почекаат и да  не ги отпуштаат работниците. За кусо  време ќе имаме нови мерки кои ќе им помогнат да ги задржат работниците и да ја задржат ликвидноста – рече Бектеши.

Тој рече дека се лажни вестите за отпуштање на работници во автомобилската индустрија.

-Во овие компании работниците не се отпуштени туку тие се испратени на  годишен одмор – рече Бектеши.

Бектеши потсети дека се активира бесплатен телефонски број на кој граѓаните ќе можат да пријават зголемување на цени на прехранбени артикли и работење на кафеаните, кафулињата и баровите.

– Телефонскиот број е 191 и е бесплатен за граѓаните – рече министерот за економија Крешник Бектеши.

Оваа мерка се спроведува бидејќи инспекторите работат дневно по зголемен број на часови, бројот на инспектори е мал, а се контролира зголемување на цените на храната и дезинфекциските средства во маркетите, медицинските средства за заштита како и работата на кафетериите.