БЕКТЕШИ: Веднаш треба да се намалат цените на транспортот

82

Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека дојдено е време такси-службите и меѓуградскиот автобуски транспорт да ги намалат скапите билети и тарифи, зато ашто изминатиот период рапидно е намалена цената на дизелот и на другите нафтени деривати.

Според него, не е праведно истите високи цени да се задржат, иако енормно поевтинија сите горива во изминатиот период на берзите., но додава дека за креирање на ценовна политика во таа дејност е надлежно Министерството за транспорт и врски.

Тој вели дека овој ресор треба да дејствува иато како кога неговото министерство носело одлуки за замрзнување на цените на одредени цени кај прехранбените производи.

– Јас можам да ги повикам сите надлежни институции да разгледаат одредени можности за тие цени да се намалат. Логично е веднаш да има намалување во делот на цените за транспорт, имајќи ги во предвид цените на нафтените деривати – рече Бектеши.