Бекам уште побрутално бил понижен од Фергусон

126

Дејвид Бекам веќе со години е во фудбалска пензија, но легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и понатаму привлекува големо внимание каде и да се појави. Во последното интервју кое го даде за поранешниот тимски колега, Гери Невил, Бекам откри неколку пикантерии од слоблекувалната на „црвените ѓаволи“.

И кога беше фудбалер, поранешниот репрезентативец на Англија, редовно го украсуваше насловните страници од светските медиуми, а најмногу во британските таблоиди.

Додека го носеше дресот на Манчестер Јунајтед и на Реал (М), Бекам често пати знаеше да ја промени фризурата, но популарната „мохавка“, која ја носеше пред 20 години, ја дефинира како најлоша фризура.

Токму поради „мохавката“ Бекам го има доживеано можеби најголемото понижување во својот живот, покрај тоа кога беше погоден во глава со копачка која беше шутната од легендарниот менаџер на „црвените ѓаволи“, сер Алекс Фергусон.

Кога видел каква фризура има, Фергусон го натерал Бекам да се ишиша и тоа во соблекувалната пред останатите тимски колеги.

  • Најлоша фризура? Најверојатно „мохавката“. Беше на мојата глава се додека не беше забележана од шефот. Ме натера да се ишишам пред сите играчи во соблекувалната. За време на тренинзите носев капа и некако ја криев, но кога дојде време за натпреварот, морав да ја симнам капата. Фергусон ја виде и ми рече веднаш да се ишишам. Морав да го послушам, откри Бекам.

Тоа се случи во 2000 година пред стартот на суперкуп пресметката против екипата на Челзи. Сега, кога е позрел и фамилијарен човек, Бекам веќе со години носи иста фризура и личи далеку поконзервативно во споредба со неговите фудбалски денови.