Дома LIFE Бекам отвора хотел во Кина

Бекам отвора хотел во Кина

74

Комплексот на своето мени ќе има понуди од британската кујна, за што е задолжен пријателот на Бекам, шеф Гордон Рамзи. На средината ќе има и мала реплика на „Биг Бен”, а надворешноста на хотелот е инспирирана од Вестминстерската палата и Долниот дом на парламентот.

Лондон е мојот роден град, така што би сакал да пренесам некои нешта што ги сакам оттаму во Макао – тоа чувство за енергија, хуморот, односот кон храната, мебелот и уметнички дела. Тоа чувство е прекрасно, објави на Фејсбук некогашната фудбалска ѕвезда.

Бекам хотелот ќе го отвори следната година. Комплексот ќе има и бутик на два ката, како и трговски центар со 200 продавници за британски брендови.