Без струја утре повеќе делови од Скопје

238

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Зелениково, Илинден и Карпош, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 8 до 16 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од село Таор, Општина Зелениково.

Во периодот од 9 до 12 часот без струја ќе станат дел од корисниците од улиците бр. 8, бр. 400 и бр. 500 во село Марино, Општина Илинден.

Во периодот од 9 до 13 часот без електрична енергија ќе останат објектите на „Скопски Пазар“ во населбата Тафталиџе 2, Општина Карпош.