Без струја утре неколку села во Сарај

79

Без електрична енергија утре ќе останат дел од општина Карпош и неколку села од Сарај.

Од ЕВН Македонија АД информираат дека прекинот ќе биде поради веќе закажани технички зафати.

Од 9.00 – 13.00 часот без струја ќе останат дел од корисниците на улица „Франц Прешерн“ во Влае и од 9.00 до 15.00 часот корисниците од селата Арнакија, Буковиќ, Семениште, Ласкарци и Паничари во општина Сарај.