Без струја утре неколку општини во Скопје

150

Поради технички зафати во електро-системот на град Скопје, утре без електрична енергија ќе останат дел од општините Аеродром, Сарај, Сопиште и Студеничани.

Во период од 9 до 11 часот без струја во Општина Сарај ќе бидат дел од корисниците во село Бојане, а од 12 до 14 часот тие од село Свиларе.

Корисниците на булеварот „Јане Сандански“ од зградите со број 17, 19 и 21 во Општина Аеродром ќе бидат без елекрична енергија во период од 9:30 до 12:30 часот.

Без струја ќе бидат дел корисниците од село Долно Соње, десно од мостот кон крстот, Општина Сопиште во период од 9 часот до 14 часот.

Корисниците од село Моране место викано Света Петка од Општина Студеничани ќе бидат без струја во период од 12 часот до 14:30 часот.