Без струја утре населбите Сарај, Карпош, Ѓорче Петров и повеќе скопски села

325

Утре во периодот од 04 до 08 часот без електрична енергија ќе останат повеќе скопски села и населбите Сарај, Карпош и Ѓорче Петров.

Како што информираат од Регионалналниот центар за управување со кризи без струја ќе бидат корисниците од селата Волково, Кондово, Горно и Долно Свиларе, Грачани, Радуша, Дворце, Копаница, Рашче, Бојане, Сарај, Глумово, Грчец, Шишево, Арнакија, Паничари, Раовиќ, Ласкарци, Љубин, Буковиќ и Матка.

Без електрична енергија ќе останат и општините Карпош 3 и Карпош 4, дел од Влае, дел од Хром, Момин поток, Злокуќани, дел од Козле, дел од Нерези и Тафталиџе.