Без струја утре дел од корисниците од Центар и Бутел

98

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа без струја утре ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Бутел, соопшти РЦУК.

Без електрична енергија во периодот од 08:30 до 15 часот, ќе останат корисниците од улица „Орце Николов“ на потегот од општина Центар до улица „Кострурски Херои“ (броеви од 109-121) во општина Центар.

Во периодот од 07:30 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Александар Урдаревски“, „Петар Манџуков“, деловните објекти околу пазарчето Бутел, улица „Бетовенова“ во општина Бутел.