Без струја, утре, делови од Карпош, Центар и Кисела Вода

123

Без напојување со електрична енергија утре неколку часа ќе бидат корисниците во делови од општините Карпош, Центар и Кисела Вода.

Како што соопшти РЦУК по известување од „ЕВН Македонија“ АД, прекинот во напојувањето со електрична енергија е поради планирани технички зафати во електро-системот.

Без струја во периодот од 08:30 до 13 часот ќе бидат корисниците во Градски парк во близина на ресторан „Балканика“, во општината Карпош, а во периодот од 08:30 до 14 часот корисниците од улицата „Орце Николов“, од број 162 до број 172 и улицата „Мирка Гинова“, од број 1 до број 27, во општината Центар.

Во периодот од 08:30 до 14 часот, без струја ќе бидат корисниците на улиците „Киро Крстевски“ и „Емил Зола“, а од 08:30 до 15:30 часот, корисниците на улицата „Марко Орешковиќ“, во општината Кисела Вода.