Без струја на 17 и 18 мај делови од општините Студеничани, Ѓорче Петров и Шуто Оризари

80

Без електрична енергија на 17 мај (недела) ќе бидат корисниците во повеќе села во општината Студеничани, а на 18 мај (понеделник) корисниците во општините Ѓорче Петров и Шуто Оризари.

Како што соопшти РЦУК по известување од ЕВН Македонија АД, без електрична енергија утре од 6 до 10 ќе бидат, корисниците од селата Горно и Долно Количани, Црвена Вода, Палиград, Вртекица, Рамни Габер, Цветово, Драчевица, Мала Река и Алдинци, како и објектите на МВР и АРМ на Солунска Глава во општината Студеничани.

На 18 мај (понеделник) без електрична енергија од 9 до 12 ќе останат
дел од корисниците од ул.„Фјодор Достоевски“ во општината Ѓорче
Петров, а 9 до 14.30 часот, дел од корисниците од ул.„Индира Ганди“лоцирани кај фирмата „Џиди Комерц“ во општината Шуто Оризари.