Без струја дел од Скопје и Тетово, во прекин 110 киловолтен далекувод

129

Дел од Скопје нема струја поради дефект на 110 киловолтниот далекувод на МЕПСО.

Од ЕВН Македонија информираа дека струја нема на потегот до Тетово. Екипи се излезени на терен и се работи на санирање на проблемот.

И од МЕПСО за МИА потврдија дека нивни екипи се испратени на терен, но се уште не знаат за што станува збор.

Без напојување со електрична енергија се делови од Капиштец, Карпош, Ѓорче Петров…