Без струја делови од Илинден, Козле, Тафталиџе и Пржино

34

Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивнта мрежа денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во населбите Илинден, Козле, Тафталиџе и два објекти во Пржино, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

Според информациите добиени од „ЕВН Македонија“, во периодот од 8 до 16 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од улицата „1“ во населба Илинден на местото викано Пуста Кула, вклучително и фирмите „Де-Та Дејан“, „Сара Колант“, „Вили“ и „Ведема“, како и корисниците на дел од улицата „Мариовска 1“ во Пржино. Во истата населба од 12 со 16 часот без напојување со електрична енергија ќе останат и корисниците на улица „Благоја Гојан“, број 5.

Од 9:30 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од улицата „Милан Марковиќ“ и објектите околу бројот 21Б во населбата Козле, а од 12 до 15 часот и објектите со броевите 2А, 2Б и 4 на улицата „Алжирска“, броевите 2, 4, 6 и 8 на „Багдадска“ и со броевите 12 и 14 на улица „Дрезденска“  во Тафталиџе.