Без него нема да биде исто

159

Фудбалерот на ПСЖ, Килјан Мбапе, рече дека исполнувањето на амбициите на клубот многу зависат од иднината на Неимар.

ПСЖ синоќа го победи Ним со 3:0 во воведната рунда на францускиот шампионат. Мбапе постигна еден гол и запиша една асистенција.

  • Бев во грч, но сè е во ред, добро е. Ние стануваме посилни. Добро сме подготвени веднаш да влеземе во сезоната, затоа што претстојат важни натпревари. Ќе се обидеме да бидеме конкурентни. Но, да не се лажеме едни со други. Гледајте што се случува. Многу нешта ќе зависат од ситуацијата со Неимар. Без него нема да биде исто, изјави Мбапе.