Третиот тенисер во светот Шпанецот Рафаел Надал, истакана дека му е многу благодарен на својот лекар Анхел Руиз Котор за се што направил, за него во текот на кариерата. Многуми на на Надал му предвисуваа крај на кариерата заради бројните повреди и начини на игра, но Шпанецот наскоро ќе наполни 35 – години и се уште е еден од најдобрите тенисери во светот.

Со Анхел поминав многу тежок период. На крајот тој е лекар, а доколку сум кај него тоа значи дека работите тргнале на лошо. Сепак, Анџел е многу позитивна личност, што е важна особина во светот на медицината, изјави Надал и додаде:

-Тој е целосно посветен на работата и постојано гледа напред. Ми помогна да најдам решение за многу работи. Без него немаше да бидам во состојба да освојам некои турнири. Можам само да му се заблагодарам за се што направи за мене, бидејќи без него моите резултати би биле многу поинакви.

Надал во Монте Карло од 11. април првпат ќе се појави на терен после Австралија опен. Турнирот во Кнежевството, Шпанецот го осовјуваше 11. пати.