Селекторот на машката ракометна репрезентација Кире Лазаров, го објави поширокиот список ракометари пред претстојниот двомеч со Португалија од квалификациите за пласман на ЕП 2024 година. На списокот се наоѓаат 35 играчи, поголемиот дел од нив се членови на македонските суперлигаши.

Од интернационалците тука се Никола Митревски од Порто, Димитар Димитироски од Ваљадолид, Мартин Поповски од Амичитија Цирих и Филип Кузмановски од Хановер.

На списокот ги нема двајцата членови на Вардар, Дејан Манасков и Гоце Георгиеввски, додека за првпат е повикан ракометарот на Бутел Скопје, Филип Николов.

Првиот меч меѓу Македонија и Португалија се игра на 9 март во Скопје, додека вториот меч е во Сењора да Ора на 12 март.