Без електрична енергија неколку делови од Скопје

34

Поради технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска ќе останат корисниците од делови од општините Бутел, Карпош и Сарај, како и од Драчево, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје.

– Врз основа на добиените информации од „ЕВН Македонија“, без електрична енергија во период од 08.30 до 10.30 часот ќе останат корисниците од дел од улицата „Хо Ши Мин“, од број 276 до 285 во општина Бутел. Потоа, дел од улицата „Хо Ши Мин“, од број 300 до 318, во период од 11 до 13 часот. Од девет до 12 часот, селото Крушопек во општина Сарај. Од 10.30 до 14.30 часот, улиците: „Фјодор Достоевски “и „Ацо Шопов“ во општина Карпош. Од девет до 11.30 часот, населбата Драчево, дел од улиците: „Радое Диниќ“, „Бранко Заревски“, „Робеспјерова“, „Ризо Ризов“, „Роман Ролан“ и улицата „Иван Хаџиниколов“, од број 99 до број 141 – се појаснува во соопштението.