Без вода утре делови од Аеродром и Центар

174

Без вода утре ќе бидат корисниците од дел од општините Аеродром и Центар.

Како што информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, водоснабдувањето ќе биде со намален притисок на дел од булеварите „Србија“, „АСНОМ“ и „Јане Сандански“, и тоа поради уличен дефект на затворач на булеварот „Србија“, во близина на мостот „Близнаци“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со санација на дефектот.

Исто така, поради дефект на ulicata „Киро Крстевски Платник“/ „Рајко Жинзифов“, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците: „Киро Крстевски Платник“, „Рајко Жинзифов“ и „Шумадиска“.

Поради менување на ПП хидрант на улицата „Даме Груев“ , број 7 (ДМ маркет), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на оваа улица, блок 4 и 5 и улицата „Димитрие Чуповски“, кула 19, 21 и 23.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.

Поради изведување водоводен приклучок со пречник од 250 милиметри на булеварот „Македонско Косовска бригада“, број 87 во населбата Бутел, утре од 9:00 часот со прекинато водоснабдување ќе бидат и корисниците од касарната Илинден, фирмата „Вива Фреш“, кракот 11 од булеварот „Македонско Косовска бригада“ и сервисот „Џеват“.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, корисниците ќе бидат без вода се до завршување со активностите.