Без вода улиците „АФЖ“, „Радишанска“, „Ловќенска“ и „Лесновска“

106

Без вода денеска ќе бидат корисниците од улица „АФЖ” и „Радишанска”, информираат од ЈП Водовод и Канализација – Скопје.

Прекинот на водоснабдувањето, е поради дефект на приклучна водоводната цевка Ф 3/4″ на ул.„АФЖ “14 и ќе трае до завршување на работата.

Без вода денеска од 10 часот се корисниците од улиците „Ловќенска“ крак 4 и „Лесновска“.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка на ул. „Леринска“ 4/45.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.