Без вода улиците: „Дамаска“, „Букурешка“ и „Балзакова“

186

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок на улица „Дамаска“, број 15, прекинато водоснабдување од 10:00 часот ќе имаат корисниците од оваа улица.

Прекинот ќе биде биде до завршување на дефектот.

Денеска поради дефект на приклучна цевка на улица „Букурешка“, број.59, прекинато водоснабдување од 09:00 часот ќе имаат и корисниците од оваа улица до завршување на дефектот.

Воедно, поради поврзување на нова водоводна мрежа на улица „Балзакова“, број 6, прекинато водоснабдување ке има корисниците од истата улица од 09:00 часот до завршување.