Без вода корисниците од улица „Партениј Зографски“

109

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска поради дефект на улица „Партениј Зографски“, број 62 , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.