Без вода корисниците од улица „Кичевска“

55

Поради изведување водоводен приклучок на улица „Кичевска“, бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица.

Како што информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ прекинот во водоснабдувањето ќе биде од 09:30 часот до завршување со работните активности.

Поради дефект на приклучна цевка на улица „Банско“, број 26, прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците на дел од оваа улица.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ прекинот во водоснабдувањето ќе биде од 10:40 часот до завршување со санација на дефектот.