Без вода корисниците од неколку улици во Маџари

50

Од 16.40 часот попладнево без вода ќе бидат корисниците од улиците „Париска комуна“, „Разлошка“, „Беровска“, „Пехчевска“, „Ордан Пиперка“, „Донче Штипјанче“ „Жан Жорес“ и „Никола Киромајски“ во Маџари.

ЈП „Водовод и канализација“-Скопје соопшти дека прекинот во водоснабдувањето е поради поврзување водоводна мрежа од ф 100 мм на ул. „Париска комуна“ во населба Маџари  и ќе трае до завршување на зафатот.