Без вода корисниците од Долно Лисиче

66

Без вода денеска ќе бидат корисниците од населба Долно Лисиче.

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради дефект на улица „9/19“,  во Долно Лисиче.

Корисниците ќе бидат без вода од 09:40 часот се до завршување на интервенцијата.

Без вода денеска ќе останат и жителите на улиците „Самоилова“ и „Банатска“.

Како што соопштија од Центарот за управување со кризи на Град Скопје прекинот со водоснабдување е поради дефект на улица „Самоилова“, број б6 и ќе трае од 10:30 часот се до неговото завршување.